речник контакт

Судењето за смртта на Кадиева и нејзиното бебе продолжува

Сведочеше, како и на претходното рочиште, вештото лице д-р Наташа Давчева

Петар Печков

Во велешкиот суд продолжи судскиот процес во кој се обвинети тројца доктори, за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе.  И понатаму сведочеше, како и на претходното рочиште,  вештото лице д-р Наташа Давчева.

Еден од обвинетите  д-р Венци Чалков, побара до докторката да го каже нејзиното мислење  по неговиот упат, каде во дијагноза констатирал одредени проблеми кај родилката.  

Кај Кадиева  констатирав диспропорција помеѓу димензијата на плодот и родилните патишта. Ова е на преглед од 13 октомври, десет дена пред породувањето. Чудно е што овие документи, ги најдов кај директорот на Општа Болница Гевгелија, вечерта кога се породуваше Кадиева и подоцна побарав од дежурниот обвинител во Велес, да ги одземе  од него – рече гинекологот   д-р Чалков.   

Бидејќи овој документ вештото лице не го видела, побара дополнително да се изјасни по него, но нагласи дека тоа е упатна  дијагноза не и конечна.  По ова судењето продолжува на почетокот до февруари, следната година.  За оштетените овој момент не е релевантен за процесот, бидејќи починатата Кадиева и така била правена  оперативно со царски, рез, не се породувала по природен пат, како што се постапува кога има поголем плод согласност Правилникот.  

На судењето имаше два моменти. Првиот е  неуспешен обид на одбраната на обвиените да достави некакво свое вештачење, до еден  нелиценциран вештак. Не можам да кажам дека  не   е нестручно, но не е од вештак - судски лиценциран. Во врска со дилема на д-р Чалков , помеѓу плодот и карлицата на мајката, тоа е само упатна дијагноза.  И да додадам во врска со одбраната на обвиените.  Правилата на Болницата во Гевгелија, не значи дека се правила на струката. Ако  нешто неправилно се постапувало, токму тие, докторите - гинеколозите    можеле да кажат дека под  овие  услови не работам, а не да се нафаќаат по секоја цена и со тоа некому живото да го загрозат – рече Дељо Кадиев, адвокат на оштетеното семејство Кадиев. 

Обвинети за смртта на родилката се анестезиологот  Томче Ванчев од Гевгелија и  гинеколозите  струмичаните Венци Чалков и Дончо Москов за ,,тешки дела против здравјето на луѓето,,. Породувањето се случи во вечерните часови на болницата во Гевгелија на 22 октомври 2015-та година. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »