речник контакт

Судењето на обвинетите за смртта на малата Тамара, паузира со месеци

Прво изземање бараше јавниот обвинител, потоа се иззема судијата па предметот нема судска разрешница

Петар Печков

Судењето  на обвинетите за смртта на малата Тамара Димовска од Велес, во Основен суд Скопје 1, повеќе месеци е без закажано рочиште. За ова реагираа од  Коалицијата “Сите за правично судење”.

„Предметот под кодно име „Комисија“ за малата Тамара Димовска каде 11 лица се обвинети за кривичното дело „Несовесно работење во службата“ се води 2 години и 11 месеци во скратена постапка. По овој предмет повеќе од една година нема одржано рочиште за главна расправа пред Основниот кривичен суд во Скопје“, велат од Коалицијата.

Паузата доаѓа откако судијата  Марин Станевски се повлече бидејќи еден од лекарите лекувал негов близок роднина. Откако предметот беше доделен на нов судија, требаше и да почне од почеток, но тоа досега не е случено. Претходно се иззема и јавниот обвинител кој го работеше предметот, па му беше доделен на нов.

Во Апелација  се работи по жалба на единствената осудена во случајот, Елена Трпкоска,која  како претседателката на Управниот Одбор на Фондот за здравство беше прогласена за виновна по предметот  за смртта на Тамара Димовска од Велес, кој се водеше во Основен суд Скопје1.  Таа доби  условна казна затвор од  една година, која ќе се реализира  ако во следните три години направи ново кривично дело.  

Обвинети се  Маја Парнаџиева – Змејкова и Џемаили Мехази, како  тогашни директори на Фондот за здравствено осигурување, Владимир Поповски, Александар Чапароски, Лилјана Тозија, Наталија Долненец Банева и Никола Граматиковски, како членови на првостепената комисија која го донела првостепеното решение со кое се одбива лекувањето во странство на малолетната Тамара Димовска и против Александар Стојановиќ, Шабан Мемети, Ристе Симеонов, Елена Трпковска и Аспазија Софијанова како членови на второстепената комисија кои го потврдиле првостепеното решение.  Малата Тамара Димовска почина во 2015 година чекајќи операција на рбетот во странство.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »