речник контакт

Судијата Адеми од велешки суд кој пет пати ги ослободуваше обвинетите од ВМРО-НП, Апелација го иззема од процесот

Судењето за обвинетите од ВМРО-НП започнува по шести пат во Основен суд Велес а ни по четири години има правна разрешница

Петар Печков

И петтата ослободителна пресуда,  за обвинетите   Слободан Близнаковски и Зоран Арсовски членови на  ВМРО-НП,  како и четирите претходни падна на Апелација. Но освен што овој суд   ја врати на ново шесто судење, ново е што Апелационен суд Скопје  го иззема судијата  Шефшет Адеми, кој ги пресудуваше ослободителните пресуди, да не го води процесот.

Апелација  побарала од Основен  суд Велес да делегира нов судија за овој  предмет. Судијата Адеми  сите пет ослободителни пресуди ги  образложени оти ,, нема ниту еден доказ во постапката, дека  делото е  сторено,,.

Слободан Близнаковски сега член на ИО тогаш координатор на Трета ИО  на партија и Зоран Арсовски тогаш претседател на  ОК ВМРО-МП за Велес се обвинети за  кривичното дело  ,,загрозување на сигурноста,,.  

Тие се  обвинети дека на 13-ти април 2013-та  на партиски состанок на ВМРО-НП  во Велес и се заканиле на Рајна Стојанова, советничка од ВМРО-НП која на тогашните локални избори беше во коалиција со СДСМ и од заедничката листа влезе во Советот на Општина Велес. Но веднаш по изборите таа премина во ВМРО-ДПМНЕ.

Близнаковски според обвинението  на партиски состанок  и рекол,, Ти на мек тон не разбираш, ќе треба да ти кажам грубо, доколку не го вратиш советничкиот мандат ти и твојата фамилија ќе бидете искоренети, не си свесна што правиш и што ќе ти се случи, ќе дојдат луѓе од страна- знаеш од каде од Бугарија“.  Овие зборови таа ги доживеала како траума.

Второ обвинетиот Арсовски на Стојанова според обвинителниот предлог и упатил сериозни закани со зборовите  „Да знаеш ќе донесат специјалци од Бугарија и нема да помине се така лесно, тоа ти е поздрав од Љубчо Ѓорѓиевски“. Од овие зборови оштетената се почувствувала несигурна и загрозена и се исплашила за својот и животот на членовите на  семејството.

Сведоците на настанот во судскиот процес   не потврдиле  дека овие закани биле кажани.  Наспроти тоа двајцата обвинети и сведоците, на судењето кажаа дека Стојанова на состанокот се жалела на притисоци од другата страна.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »