речник контакт

Судијката Калач од Основен суд Велес, времено се прераспеделува во Основен суд Кочани

Судот во Кочани се соочува со проблеми при составување на кривични совети за постапување во предмети во кривична постапка. По случајот со пожарот, отежнато е постапувањето по редовните предмети и се јавува застој во работењето на судот

Петар Печков

Cудијката Емина Калач од Основниот суд Велес со одлука на Судскиот совет е прераспределна времено да работи во Основен суд Кочани. Таа во наредните два месеци треба да ја подобри работата на судот во постапување кривичниот оддел на судот, каде има зголемен обем на работа под трагичните случувања во Кочани.

Во образувањето на судијата известител Исамедин Лимани беше наспоменато дека во кочанскиот суд има недостиг од судии кривичари, а во моментов заради случајот со трагичниот настан има потреба од зајакнување на капацитетите за работата.

„Во барањето се наведува дека судот се соочува со проблеми при составување на кривични совети за постапување во предмети во кривична постапка. По случајот со пожарот, отежнато е постапувањето по редовните предмети и се јавува застој во работењето. Ги зедов предвид податоците од судовите во Велес, Штип и Струмица и со оглед дека треба интервентно да се делува, предлагам да биде судија од Велес сè до одлука на комисијата“ – кажа  судијата Лимани.

Членот на судскиот совет Весна Дамева и координатор на судот во Велес, ја појаснила состојбата во Основен суд Велес од каде би требало да се делегира судија и дека има недостиг на судии. Таа напомена дека дел од судиите од Велес имаат законски пречки да бидат делегирани и предложи советот да предложи судија.

„Неспорно е дека Основен суд има седум судии, но треба да одлучиме без да направиме штета на другите судови. На вонредна седница на советот во Велес немало согласност да бидат делегирани, но се надевам дека делегираниот колега ќе да даде придонес во постапувањето во кочанскиот суд“ - рече Дамева.

По дискусиите беше заклучено дека судијата Емина Калач од Основен суд Велес времено се упатува во Основен суд Кочани за период од два месеци. Судијката Калач е од подрачејто на судии од Апелација Скопје а времено се префрла да работи на подрачјето на Апелација Штип.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »