речник контакт

Судијката Милева избрана во Апелација

Таа во Основен суд Велес работеше предмети од кривична област

Петар Печков

Судскиот совет денеска ја избра судијката Тања Милева за судија – кривичар во Скопска Апелација.  Таа  за судија  во Основен суд Велес е избрана на    01.09.2009 и  постапуваше по кривични предмети.   Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во 2002 година, посетувала  и  обука на Академијата за судии и јавни обвинители.  

За  местото за  двајца кривичари во скопска Апелација се пријавиле    33  судии.  Меѓу тие кои не добија гласови од Судскиот совет беа судиите: Дијана Груевска – Илиевска, Владимир Панчевски, Александра Попстефанија, Елена Јосифовиќ, Ивица Стефановски, Верка Петковска, Љупчо Спировски, Бранка Наумовска, Љубинка Башевска, Гордана Спиревска, Лидија Зимбовска, Татјана Михајлова, Ѓоко Ристов, Горан Бошевски, Весна Димишкова, насер Хаџиахметагиќ, Хамдирефет Бафтијари.

Иако на второ место според број на бодови Судскиот совет не ја изгласал судијката кривичар од велешки суд Габриела Гајдова, ниту најдобро пласираниот  Лазар  Нанев  од Основен суд Кавадарци.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »