речник контакт

Судот пресуди Млекарата на Лозар, останува на Макпетрол

Објектот за кој се крена многу прашина , како стана сопственост на Макпетрол, доби судска разрешница

Петар Печков

Апелација ја потврди пресудата на Основниот суд во Велес, дека  Млекарата на поранешен АД Лозар е сопственост на Макпетрол.  ЛОЗАР МЛЕКАРА АД-во стечај поднел тужба против МАКПЕТРОЛ АД Скопје и Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија - Одделение за катастар на недвижности Велес,  за утврдување право на сопственост и предавање во владение,  а вредност на спорот беше  3.409.656 денари. 

Лозар Млекара во стечај сметал дека  млекарата во ниту еден документ не е предмет на должничко- доверителските  односи, помеѓу него и Макпетрол, туку тоа се однесува само на Ладилникот.  Макпетрол станал сопственик на објектот откако на 18.09.1997 година склучен е писмен договор помеѓу правниот претходник на тужителот,  тогашен АД Лозар,  и  Макпетрол. Предмет на договорот била купопродажба на мазут.

Според  договорот продавачот  Макпетрол презел обврска да му ги испорача договорените количини на сега тужителот заклучно со 30.04.1998 година а правниот претходник на сега тужителот презел обврски да набави 2.200.000 литри мазут по цена важечка на пазарот на Република Македонија во периодот на денот на испораката, а плаќањето да биде со компензација со стока -пченица од реколтата 1997/98 година.

Бидејќи АК Ладилник АД Велес не го платил навремено долгот кон  Макпетрол  донесено  е Решение на ден 20.06.2003 година со кое на најповолниот понудувач - доверителот Макпетрол  му се досудува недвижниот имот Ладилник.  АД Лозар Млекара во стечај смета дека Макпетрол го добива само ладилникот но не и Млекарата. Од Спогодбата за делбен судот утврди дека ,,во неа не е јасно прецизирано и определено кои градежни објекти му припаднале на тужителот, што значи дека тој не прибавил индивидуално определена ствар и нема полноважен правен основ со кој би се стекнал со сопственост над недвижноста над која претендира,, .

Тужителот ЛОЗАР МЛЕКАРА АД- во стечај не успеал да докаже со ниту еден документ  дека е сопственик на предметниот недвижен имот, по што  судот го одбил  барањето како неосновано во целост.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »