речник контакт

Судската администрација претпладнево час и половина протестираше

Протестот е поттикнат од зголемувањето на додатоците на плата на судиите за 10 отсто а на судската администрација за пет отсто

Петар Печков

Претпладнево од 9,30 до 11 часот  протестираше судската администрација, деведесет минути пред вратите на Основен суд Велес. Протестот е во организација на УПОЗ, поттикнат од незадоволството на вработените во судската служба по одлуките за додатоци на плата, за септември и октомври.  Нивната реакција била и поради одбивањето на судскиот буџетски совет, да им врати дел од платата за време на штрајкот  од 2016-та за дел од вработени во судската администрација, а кои средства биле обезбедени од синдикатот на УПОЗ и ЗСА.  Наместо изјава од претседателот на синдикална организација на велешкиот суд, поделена беше  писмената реакција а со  која судската администрација реагира на  разликата во платите која се појавува меѓу нив и судиите.

Апелираме до судскиот буџетски совет да престане со донесувањето на одлуки кои создаваат раздор помеѓу вработените во судовите. Тоа не е грижа за судскиот кадар и на ваков начин не се гради ефикасно судство.  Дел од тимот на судијата се сите вработени во судската служба и тие заслужуваат почит, еднакво третман и подобра материјална положба - пишува во реакцијата. 

Додаваат дека поради почит  кон работата и судството тие не излегле на улица, не се заканиле со штрајк, туку протестирале. Во овој период од час и половина во судот во Велес, протестантите информираа дека  се работеле само притворенички, итни предмети.  Незадоволството на судската администрација кулминираше откако на први ноември Судскиот буџетски совет ги покачи додатоците на плата за месец Октомври за судиите во висина од 10%, а за судските службеници во висина од 5%. Вакви протести беа одржани и во повеќе други судови во земјава. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »