речник контакт

Судскиот процес Димитриовски против Смилев заврши со повлекување на тужбата

Станувало збор за недоразбирање

Петар Печков

По повеќе месечно одлагање,  презакажување, судскиот процес со кој управителот на Топилницата Тони Димитриовски го тужеше членот на граѓанското движење од Велес Игор Смилев,  договорно заврши со повлекување на тужбата.

На задоволство на двете странки, предметот на Тони Димитриовски против Игор Смилев заврши со повелување на нашата приватна кривична пријава, откако двете страни ги расчистија недоразбирањата. Смилев кажа дека тоа што го изјави на прес конференцијата  не е против личноста на Димитриовски и спогодбено го решивме спорот – рече Коста Нојков, адвокат на тужителот Димитриовски. 

Приватната тужба беше за клевета, навреда, неовластено фотографирање  и загрозување на безбедноста. Тој го  тужеше Смилев за изречените зборови на прес конференција, кога тој застана против  рестартот на Топилницата, сметајќи дека овој капацитет ќе носи само болести во градот.

Нема победници, нема поразени, нема помалку или повеќе задоволни. Преовлада човечкиот разум. Се докажа дека со дијалог може секоја тужба да се реши. И понатаму останувам на браникот на здравата животна средина за Велес, тука ништо не може да ме  поколеба – изјави Смилев претседател на еколошката групација  Зелена сила.

Taа заедно со седум други граѓански здруженија во ,,Зелената коалиција,, остро се спротивставуваат на повторното работење на индустрискиот капацитет за преработка на олово и цинк лоцирана  во Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »