речник контакт

Супер јунаците на Марвел Дедпул и Вулверин, премиерно во 3Д киноверзум (видео)

Седум филмови на репертоарот на 3Д киноверзум следните седум дена, од нив три се премиери. Меѓу нив и премиери на детските анимирани филмови „Нина и приказна за ежот“ и „Миа и јас, херојот на Цинтопија“

Петар Печков

Првата премиера е на акциските јунаци Дедпул и Вулверин, во истоимениот филм. Двајцата супер херои  се здружуваат за да го победат заедничкиот непријател.  Незаборавна акција, смеа и адреналин во друштво на омилените херои.

Миа и јас, херојот на Цинтопија е германски игран анимиран филм за деца. Миа открива дека нејзиниот волшебен камен е дел од едно древно пророштво и тргнува на возбудливо патување до најоддалечените острови на Кентопија за да се соочи со големото зло и да ја обликува сопствената судбина. 

Нина сака да ги слуша приказните пред спиење кои и ги кажува нејзиниот татко, приказни за ежот кој го открива светот. Една вечер, зафатен со работа, татко и не доаѓа да и раскаже за нова авантура, а Нина дознава дека штотуку останал без работа во фабриката. Нејзиниот свет е превртен наопаку и таа е подготвена да најде решение за да му помогне. Со времетраење од 82 минути, „Нина и приказна за ежот“ е анимациски филм кој ќе ве одведе во волшебен свет на фантазија и емоции. Францускиот тим на креатори, предводени од режисерите Felicioli и Gagnol, успева да создаде филм кој ќе ги освои срцата на сите генерации. 

Во 1980-тите години во Холивуд Максин Минкс, ѕвезда на филмови за возрасни и амбициозна актерка конечно добива својата голема шанса. Но, додека мистериозниот убиец ги демне ѕвездите на Холивуд, траг од крв се заканува да го открие нејзиното злокобно минато е содржината на „Максине“ американски трилер, кој беше на 8 место по гледаност изминатиот викенд во светот. 

Пред започнувањето на прикажувањето на Твистер 2, се прикажува, како потстување Твистер 1. Ажурирана верзија на филмот „Twister“ од 1996 година, кој се фокусира на пар ловци на бури кои ги ризикуваат своите животи обидувајќи се да тестираат експериментален систем за предупредување за временски непогоди. 

На репертоарот шеста   седмица е „Опако, наопаку“ анимиран филм кој прв во 2024 заработи повеќе од милијарда долари.  „Опаку, наопаку“ е американски анимиран, семеен филм за сите возрасти, продолжение на  успешниот филм од 2015 година. Направете место за нови емоции со најновиот филм од Дизни! Среќата, тагата, лутината, стравот, гадливоста силно ќе бидат потресени со доаѓањето на тежината, досадата, зависта, срамот.  Филмот е во продукција на Pixar Animation Studija  и Walt Disney.

Анимираниот „Подлиот јас 4“  трета  седмица е на репертоарот и анимиран филм кој со сите 4 дела заработи пет милијарди долари а минатата седмица беше најгледан во светот.   Гру, омилениот светски супернегативец кој по многу пресврти стана агент на Лигата на негативци, се враќа во возбудливата, смела нова ера на хаосот на Minions во новото продолжение продуцирано од студиото Illumination.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »