речник контакт

Сурфер 100 - Неодоливо, апсолутно романтично

Добро е, MT ни овозможуваат нови опции и ни отвораат стари видици. Она што беше некогаш интернет и принципот на поврзување кој веќе се изучува како историја на интернетот по универзитетите, МТ со гордост ни го најавува како нешто неверојатно, неодоливо, шармантно, симпатично, ненормално и не знам уште што не. На повеќе ја имате новата понуда, од која навистина не можев да се воздржам да не пукнам од смеа.

Зоран Николов

Сурфер 100 понудата на МТ, е наменета за сите кои абер немаат од интернет и да висат доооооооооолго време на мирц и секси сајтови во вечерните часови по нови секси цени. Сурфер 100 понудата на МТ нуди: • Сурфање по најниска можна цена на пазарот од само 0,1 денар за минута, односно 5,99 денари за 1 час сурфање. (и тоа во однос на сите други провајдери... за дома: кажи барем еден друг провајдер за интернет за да го скинеме одма) • 100 часови (значи просек три саати и дваесет минути на ден) во рамки на месечната претплата, со 0 денари трошок за телефонски импулс. • Можност за користење на часовите од претплатата во периодот од 20 до 06 часот секој ден во неделата (во другиот период е строго забрането). • Можност за неограничено сурфање при што пристапот надвор од интервалот ќе се тарифира по стандардни цени по минута кои го вклучуваат трошокот за телефонски импулс (е добро де, на тоа мислев со строго забрането). • Модемски уназадувачки (dial up) пристап на интернет преку телефонскиот број 055 857 857 (или истата брзина како што ја имаат АДСЛ пациентите откако ќе симнат цееееееееели огромни ненормално многу големи 4 гигабајти = две филмчиња, три албумчиња од омилениот изведувач, сликички и клипчиња од омилените портали). Понудата е наменета за резиденцијални токмаци и важи од 09.12.2005 до 31.03.2006. Корисниците што ќе се претплатат на понудата ќе можат да ја користат истата заклучно со 31.03.2005 (печатнава грешка не ја коментирам). Затоа побрзај, испотепај се и прекуред пријави се на бесплатниот телефон 171 (и радувај се дека нешто ти е бесплатно). Во рамки на понудата, како дополнителни можности МТ нуди: • E-mail: username@mt.net.mk (оти сами не можете да си отворите) • Антивирусна заштита на сите e-mail пораки (бла бла бла) • 24 часовна поддршка на бесплатниот телефонски број 0800 12345 со љубезните чичковци што звучат како издишани балони по роденденска забава. * во цената по минута не е вкалкулиран ДДВ во висина од 18% * во цената е вклучена и цената на телефонскиот импулс *Кај ISDN корисниците во случај истовремено користење на двата ISDN канали (брзина 128Kbps) корисникот добива 50 часови во претплата, а за користење на надвор од дефинираниот период или по искористувањето на утврдениот број на часови корисникот плаќа двојна цена по минута. Кај ова последново можам да намирисам некое матно правило, што не го читам до крај и дефинитивно ме премислува па не знам колку и да сум глупав и нетокму да им се приклучам. Еве го и оригиналниот линк, за секој случај и будала [url=www.mt.net.mk/Produkti/InternetPristap/Dialup/Postpaid/surfer100.asp]http://www.mt.net.mk/Produkti/InternetPristap/Dialup/Postpaid/surfer100.asp[/url]

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »