речник контакт

Суспендирана воспитувачката во Детската градинка, која дала на деца да користат електронска цигара

Формирана е дисциплинска комисија која ќе донесе одлука за случајот

Петар Печков

Настанот кој се случил минатата седмица, дека воспитувачка во Детските градинки „Димче Мичев“ од Велес, дала на дете да користи електронска цигара, го потврдија од оваа институција.

Вработената попладнево е суспендирана и ја чека одлуката на Дисциплинската комисија.  Директорката на институцијата вели дека од првиот момент била информирана и во тек со настанот, но било потребно да се почитува правната процедура за ваквите случаи.   
 
„Вработената е суспендирана. Формирана е дисциплинска комисија која ќе донесе своја одлука за случајот, земени се изјави од колешката со која ја води групата, од родителите на децата, од вработени. Овие два дена се собираа писмени изјави, да се заврши постапката, по што е донесена одлука за суспензија“ - кажа Маја Велиновска, директорка на Детската градинка во Велес. 

Градоначалникот Марко Колев го осуди инцидентот,  и на ФБ профилот  напиша дека ОЈУДГ "Димче Мирчев" е под ингеренции на Министерството за труд и социјална политика, откако министерката Јована Тренчевска ги одзела  од градоначалник и од Советот на Општина Велес.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »