речник контакт

Табли за објава пред велешките јавори

Така се заштитуваат вековно старите дрвја

Петар Печков

 Пред повеќето со закон велешки јавори, деновиве се поставени огласни табли. На нив граѓаните ќе можат да ги закачуваат нивните објави, радосни и тажни вести и така да се заштитат стотина години старите јавори.  

На овој начин  ЈКП Дервен во пракса ја применува одлука та на Советот на општината со која старите дрвја се заштитуваат. Овие огласни табли се поставени на јаворите кај Маалска, кај Читкушева, кај Варналиите, кај Градскиот саат  и на влезот од црквата  Св. Пантелејмон, откако претходно, пред година и пол ваква табла беше поставена и пред велешкиот фејсбук, јаворот на плоштад Сармаале.  

 Откако таа во пракса се покажа ефикасна, во справувањето со уништувањето на јаворите, преку плакатирање на нив, сега и останатите заштитени јавори, на овој начин се чуваат од негрижата. 

Со одлука на Собранието на Општина Велес од 1989 година, службен гласник 5/89 во градот 8 дрвја јавори се прогласени за споменици на природата. 

Тоа се двата во црквата Св.Пантелејмон, двата на плоштад Сармаале, по еден кај Варналиите, кај Маалска чешма, кај Саатот и на Којник, како и тој во дворот на манастирот Св.Димитрија. На нив согласно оваа одлука се забранува сечење и кастрење на дрвјата или гранките,  се забранува лепење плакати, реклами или некролози, се забранува палење на оган во нивна близина.

Заштитени споменици на природата се и платаните, јаворите по текот на Бабуна од Пешти до вливот во Вардар, како и по текот на Тополка од Превалец до вливот во Вардар.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »