речник контакт

Таксисите во Македонија лани минале 85 милиони километри

Превезени се 31,2 милиони патници и најголем број од такси возилата сообраќале на дизел

Петар Печков

Mакедонските таксисти лани извозиле повеќе од 85 милиони километри, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Точната бројка е 85.776.000 километри. Ако се земе предвид дека обемот на планетата Земја на екваторот е околу 40.070 километри, математиката вели дека таксистите од Македонија 2.140 пати ја заобиколиле Земјата.

Во истражувањето за такси-превозот во 2017 година биле опфатени 2.496 патнички автомобили од 217 извештајни единици. Превезени се вкупно 31.182.000 патници. Од нив 28.278.000 во градскиот превоз, а 2.904.000 патници во меѓуградскиот.  Од вкупниот број изминати километри, 72.401.000 биле во градовите, а 10.375.000 километри во меѓуградскиот превоз.

Најголем број од возилата сообраќале на дизел. Според статистиката, лани таксистите наточиле 7.139 тони дизел-гориво. Следно гориво според потрошувачката е автогас – 1.945 тони. Најмалку точеле бензин, 159 тони.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »