речник контакт

Тамара, Врчак и Адријан ќе ја претставуваат Македонија на Евровизија

Тамара, Врчак и Адријан ќе ја претставуваат Македонија на Евровизија во Белград

Петар Печков

Тамара, Врчак и Адријан со песната „Во име на љубовта“ ќе ја претставуваат Македонија на „Евросонг 2008“ што ќе се одржи на 20, 22 и 24 мај во Белград.

\"\"

Музиката, текстот на песната и аранжманот ги напиша Раде Врчаковски - Врчак. Победничката песна доби најмногу гласови од телефонското гласање и од петчленото жири на фестивалот „Скопје 2008 - Избор за Евросонг“, што синоќа се одржа во „Метрополис арена“ во Скопје.

\"\"

За учество на евровизиска манифестација во Белград годинава се натпреваруваа уште 14 други композиции. На второто место, во третата година учество, се најде Ламбе Алабаковски со „Земјо моја“ трет беше Ристо Самарџиев со нумерата „Дојди со мене“.

\"\"

На „Евросонг 2008“ во Белград, Македонија ќе настапи на втората полуфинална вечер, седма по ред. Со нас ќе настапуваат редоследно и претствниците на Хрватска, Данска, Бугарија, Португалија, Украина, Швајцарија, Исланд, Кипар, Летонија, Белорусија, Унгарија, Албанија, Шведска, Турција, Литванија, Ерменија, Чешка и Малта.

Новина е што само овие земји учеснички на втората полуфинална вечер ќе можат да гласаат на 22 мај, плус Франција, Велика Британија и Србија од земјите што директно се пласираа во финалето.

Македонија на „Евросонг“ досега ја претставуваа Калиопи, Владо Јаневски, групата ХХЛ, Каролина Гочева, Тоше Проески, Мартин Вучиќ и Елена Ристевска, која со освоеното 12-то место е наш најдобро пласиран изведувач.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »