речник контакт

Тамара починала од бронхопневмонија, Парнаџиева и Мехази поднесоа оставки

Здружението на приватни лекари не се согласува со оставката на Парнаџиева, во Скопје се протестира и бара оставка од министерот Тодоров

Петар Печков

Обдукцијата на десетгодишната Тамара Димовска  утврдила  дека причината за смртта не е сколиоза, туку бронхопневмонија, односно акутно воспаление на респираторните органи, а утврдено е и присуство на емфизем во белите дробови, се вели во соопштение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат наведуваат дека ќе се испита дали Тамара воопшто била лекувана од оваа сериозна дијагноза.

Првичните проверки и извршениот увид во електронскиот здравствен систем покажуваат дека девојчето не било третирано, односно воопшто не посетило лекар, ниту примало одредени лекарства за бронхопневмонијата, се наведува во соопштението.

 Од минатонеделниот протест во Велес, мајката на Тамара јавно праша ,,дали некој ќе се јави во судска медицина, што тие треба да напишат во обдукцијата,, .  

Директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева Змејкова, си поднесе оставка од функцијата, поради, како што рече, лични, човечки причини.

Човек сум што сум воспитан да помогам на другите, а не сум ладен бирократ. Денес објавувам дека од човечки причини решив да се повлечам од функцијата директор на ФЗОМ. За жал овој трагичен и немил настан предизвика несигурност, недоверба и сомнеж во целиот систем на здравство и здравствено осигурување - рече Парнаџиева.

И директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Џемали Мехази, поднесе оставка на функцијата, која, како што наведува во пишаната изјава, е мотивирана од човечки причини.

Во вршењето на мојата функција, за овој случај и сите други слични случаи, направив сe што ми беше овозможено во рамки на законот. Случајот на Тамара ме погоди како човек и како родител. Додека ја извршував оваа функција, лично сум се залагал за да се решаваат сите случаи кои се обратиле до ФЗОМ секако во согласност не само со законските обврски и водено од лична совест. За мене и моите соработници немаше значење, во ниту еден момент, името, етничката и верската припадност, во изнаоѓање решенија за нашите граѓани“, стои во соопштението на Мехази.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »