речник контакт

Тасева повторно победи на Сладоледијатата (фото)

Годинава и жирито и гостите гласаа за ,,морски свет,,

Петар Печков

Елена Тасева победи на 12-тата по ред Сладоледијата.  Учествуваа шест натпреварувачки а и жирито и гостинките имаа идентично мислење, креацијата на Тасева беше најпривлечна за око. Таа подготви мало ремек дело, наречено ,,Морски свет,,.

За да ја направам оваа креација користев јужно овошје лимони, ананас, портокали, цитрони и секако сладолед.  Ова што го подготвив дома ми беа потребни пет часови, користев свежо овошје ништо не е имитација, само сега тука го додадов сладоледот. Инспирацијата ми беше комбинација на летното освежување- сладолед  и асоцијацијата за лето јужното овошје - објасни Елена.

Таа победи и минатата година, тогаш со маса насловена ,,Був,,. Манифестацијата е во организација на Здружението на жени за мултикултурни активности   ,,Креација 2009,,.

Цела ни е да ја прикажеме креативноста на жените и тоа со актуелен летен продукт сладоледот и нивната умешност во декорирање на сладолед.  Важно е и како учесничките ќе ја сервираат нивната маса.   Вообичаено имаме по шест натпреварувачки, тие имаат ограничено време од 10 минути да ја подготват нивната креација - рече Рајна Стојанова претседател на Здружението ,,Креација 2009,,. 

Спонзор на манифестацијата е ,,Милино,, кој го обезбеди сладоледот за манифестацијата и награди за сите учеснички.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »