речник контакт

Татко и син натепале сограѓанин

Таткото бил алкохолизран, имал 3,4 промили алкохол во крвта

Петар Печков

Во неделата вечер во Велес  21,40 ч на ул.„Кирил Пејчиновиќ“, во куќата во која живеат С.А. и неговата невенчана сопруга Н.К., од страна на Б.И.(45) и неговиот син И.И. (20) извршено е насилство , информираше велешката полиција.

Имено, И.И. го скршил стаклото од влезната врата, влегле  со татко му во куќата, по што И.И го фатил С.А. и го турнал на подот. По ова двајцата  го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци по телото.

Од страна на  полициски службеници, Б.И. е приведен во Полициска Станица - Велес и над истиот е извршено алкотестирање, при што е утврдено присуство на алкохол во крвта од 3,40 промили, а И.И. е повикан во СВР- Велес. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »