речник контакт

Тања Трчкова го промовираше нејзиниот прв роман „Во сенката на шинелот“ посветен на татко и

Многу филозофски роман, со интересен заплет, преку сеќавања, реминисценција, развива длабока силна филозофска порака

Петар Печков

Промовирана  е книгата „Во сенката на шинелот“ дело на велешката професорка по филозофија и логика „Тања Трчкова“. Ова е нејзино прво дело, посветено на татко и.

„Книгата не е ниту историска ниту биографска. Таа е посветена на татко ми борец од НОБ, комунист, разочаран од идејата како се реализирал комунизмот  за кој се борел и разочаран по падот на социјализмот во 90-тите и промените кои дојдоа.  Борбата за независност на ова парче земја   е сведена на гола идеологија.  Татко ми ја бара смислата низ животот низ сите три  времиња, војната, комунизмот и по падот на социјализмот“ - кажа авторката Трчкова.

Таа во создавањето на книгата тргнала од една мисла на Жал Пол Сартр „Пеколот не е на небото, туку на земјата. оставете ги луѓето да живеат заедно, сами ќе го создадат пеколот, кој е посилен од фантазијата на Данте“.

Професор д-р Христина Николовска рецензент на книгата.
„Ова е сјаен роман, дело кое го преосмисли мојот живот. Дело кое поставува прашања, редефинира поими, кое објаснува на нас преку интересен начин, преиспитувања, полемички објаснувања, вера наспроти верба, истрајност, борбеност, лична наша револуција. Многу филозофски роман,   со интересен заплет , преку сеќавања, реминисценција, развива длабока филозофска порака, праќаат силна порака. Роман кој силно ќе не замисли,  потребен на сегашната денешница.  Особено актуелен иако пишува за минатото, не насочува кон иднината.  Тања е голем уметник, голем филозоф, голем учител од кој можеме многу да научиме. Има универзални пораки и најтопло го препорачувам“ - кажа Николовска.  

„Романот опфаќа историска тематика, во која е испреплетена судбината на нејзиниот татко. Романот се состои од два дела. „Првиот е насловен Старецот и тишината  а вториот Сонот на Марија.    Тематика е за Балканските сениште, кои провејувале на овие простори последните стотина години, испреплетувајќи се меѓу себе во едно такво време расте и се оформува Тодор Трчков.   Книгата е пишувана во форма на раскази, кои ретроградно се гради меѓу сегашноста и минатото, меѓу сонот и јавето.    Авторката го исполнува ветувањето дадено на татко си дека ќе ги оттргне до заборав, сеќавањата кои не се само негови“- рече промоторката, професорката по литература Светлана Ќулумова. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »