речник контакт

Театарот со пет нови вработувања

Двајца режисери и драматурзи и една актерка се ангажирани во велешкиот театар

Петар Печков

Велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“ кој изминатата недела ја имаше првата премиера во новата театарска зграда, неделава има нови вработувања, најголеми во последниве 30 години.

Како што информира за медиумите Васил Зафирчев уметнички директор на театарот, дел од уметничкиот колектив на Театарот „ Ј.Х.К. Џинот“ Велес ќе бидат режисерите Софија Ристевска и Деан Дамјановски, драматурзите Сашо Димоски и Катерина Момева и актерката Драгана Босниќ.

На сите ново вработени им го честитаме вработувањето и им посакуваме убава и плодна творечка работа во нашиот Театар, потенцира Зафирчев. Додаде дека новите вработувања се одобрени од страна на Министерството за култура на Република 

Македонија, а се најголеми во велешкиот театар во последните 30 години.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »