речник контакт

Театарска претстава „Модерните Ромео и Јулија“

Во изведба на младите велешки средношколци

Петар Печков

На 27- ми Февруари, со почеток во 19:30 во Велешкиот театар „Јордан  Хаџи Константинов  Џинот“ ќе се одржи премиерата на аматерската претстава формирана и изведена од страна на неформална младинска група средношколци, аматери  од Велес. Таа е составена од ученици од средните и основните училишта во градот. Овие млади ентузијасти веќе цел месец секојдневно одржуваат проби и се обидуваат да го дадат максимумот од себе, со една цел, а тоа е успешна премиера!

Главните ликови во претставата ги имаат:

Кристијан Милошевиќ како „Ромео“
Тамара Сачкарска како „Јулија“
Марија Пановска како „Миа“

Покрај нив, за успешна изведба на претставата се вклучени уште 15 учесници млади глумци-аматери. Многу смеа, емоции, тага, музика и пред се забава е она што ве очекува во Велешкиот театар „ во четврток вечер. Цената на  билетот е  50 денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »