речник контакт

Театарски фестивал ,,Дами на езерото,,

Фестивалот е во соработка на ФАД Стоби и здружението ,,Преспа,, од Лерин и е поддржан со средства од ЕУ

Петар Печков

На  6-ти и 7-ми февруари  во  Велес ќе се одржи театарски фестивал  ,,Дами на езерото,,  организиран од Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, Здружението за  култура ,,Преспа,, од  Лерин  - Грција, како и   Организација за родова еднаквост од Атина. Фестивалот е дел од програма на ЕУ за меѓу гранична соработка, помеѓу Македонија и  Грција.   

Ова е заеднички проект,  се однесува на  организација  на два фестивала, еден во Велес друг во Лерин. Ние овдека ќе  подготвиме две  претстави  и  концерт  споени во дводневен театарско музички фестивал.  Тие  веќе ја подготвија  ,,Античка крв,, кој се одигра во Велес лани на ФАД ,,Стоби,,. Грците  треба да  издадат и книга за жените на  овој регион, Повардарјето и  Грчкиот дел на Преспа - рече директорот на ФАД актерот Зоран Љутков.

  Конкурирале за овој проект  уште во 2013- та преку фондовите  на Европска комисија за погранична соработка и ИПА програма за финансирање на погранични проекти. Минатата година  проектот бил одобрен.  За делот од програмата  кој ќе се случува  во Велес, во првиот викенд  на  февруари, во тек се  подготовки на две театарски претстави, кои  тогаш ќе имаат своја премиера а едната од нив ќе биде прикажана и во Грција.

Работиме две премиери. Првиот проект  е текстот  на Еврипид ,,Медеја,,, во режија на Ненад Витанов  во организација Хаус ком , додека вториот проект   е  ,,Жени во подземјето,, продукција на Дата поинт  а во режија на Андреј Цветановски. Предвиден е  концерт на  групата Фолтин на затворање на фестивалот. ,,Жени во подземјето,, ќе се прикаже и во Лерин, кон крајот на февруари а  двете претстави ќе  бидат и дел од годинешниот фестивал на античка драма  ,,Стоби,, - најави Љутков.  

Проектот ,,Дами  на  езерото,, е финансиран од ЕУ средства во висина од 650 илјади евра,  од кои   за ФАД Стоби  се предвидени 130 илјади евра. Освен средствата од ЕУ, проектот е поддржан и од Министерството за локална самоуправа во чија надлежност се проектите за меѓу гранична соработка и Министерството за култура. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »