речник контакт

Тендер за залихи

Продажбата на залихите на алкохолни пијалоци на АД Винарска Визба во стечај пропадна...

Петар Печков

Продажбата на залихите на алкохолни пијалоци на АД Винарска Визба во стечај пропадна бидејќи времениот корисник не дозволувал потенцијалните купувачи да ја видат робата.

На третата јавна лицитација за заостанатата залиха на познатите производи на некогашен АД Лозар, вињак, коњак и жолта ракија не се појави ниту еден заинтересиран купувач, па наддавањето се одложи за следната година.

Причина за ова е што залихите кои се во визбата, која е дадена под наем на неготинската фирма Св.Елена не биле достапни.

- Имавме голем број на заинтересирани кои сакаа да видат што нудиме, но за жал тие немаа пристап до пијалоците и не можеа да ги пробаат па тендерот пропадна. Сопственикот на фирмата која оваа година работи со Винарската визба не дозволува пристап до залихите, кои се сопственост на фирмата во стечај - изјави Ацо Петров стечаен управник на АД Винарска Визба.

Тој поради ова побарал и асистенција на полицијата за да може да влезе во неговата работна канцеларија. Од винаријата Св.Елена велат дека со договорот што го потпишале целиот простор е даден на располагање во следните 12 месеци, така што не дозволуваат пристап на други надворешни лица.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »