речник контакт

Тепан во Велес, испратен за Штип, каде завршил во болница

Кој го тепал штипјанецот Р.Т и зошто, одговор треба да даде полицијата

Петар Печков

Штипјанецот  Р.Т.(25 год) бил претепан во велешка кафеана, па тепачите го испратиле за Штип следниот ден од каде завршил во болница, информираше МВР. 

Настанот се случил во средата  околу 02,00 часот додека  Р.Т, бил во Велес, поточно пред бензиска пумпа „Лукоил“, стопирал возило со цел да си замине за Штип, при што до него се паркирало ПМВ„Ауди А6“, со тетовска рег.ознака, управувано од страна непознато  лице на возраст од околу 40 години, за кој пријавителот знаел само дека е од с.Лозово или с.Дорфулија и истиот му понудил заедно да одат во кафеана.

Тој се согласил и се качил во возилото и заминале во кафеана во близина на царинскиот терминал во Велес, каде што биле пречекани од страна на три непознати  машки лица и едно непознато  женско лице. Откако седнале на масата, лицето кое го возело со возилото му ја зело ташната која ја носел со себе во која имал паричник во кој имало 50 швајцарски франци и 600 денари, а од вратот му одзел челичен ланец, две челични обетки во форма на крст, три челични прстени и мобилен телефон марка „ЛГ“ и му се обратил на сопственикот на кафеаната со зборовите „гледај кој ти носам“.

На Р.Т. му рекол дека го барал четири години, бидејки му го одзел пасошот на неговиот брат. Истиот веднаш почнал да го удира со тупаници по главата и телото, а во еден момент му се придружил и сопственикот на кафеаната, кој извадил метален пендрек на расклопување и со истиот почнал да го удира Р.Т. по целото тело и главата. Откако завршиле со нападот, му упатиле закани да не ги пријавува во полиција, бидејки ќе го убијат и него и неговата фамилија.

Веднаш потоа, Р.Т. бил исфрлен од кафеаната и со  возилото бил однесен до автбуска станица во Велес, каде што го качиле во автобус кој сообраќал на релација Велес–Штип.

Од страна на лекар кај Р.Т. се констатирани повеќе контузии и површински повреди по целото тело и главата, како и прелом-скршеница на 10-то ребро од градниот кош, кои се окаректизирани како Телесна повреда. СВР-Штип превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »