речник контакт

Тепачка во Велес, едно лице со убодни рани од нож префрлено во Болница во Скопје

Во двор на средно училиште се степале петмина малолетници

Петар Печков

Ноќеска два часа  по полноќ, се случила групна тепачка кај Пензионерски,  помеѓу пет  лица. При тоа едното е повредено со нож и  е пренесено во болница во Скопје. Повеќе детали за настанот од велешката полиција.

„На 26-ти октомври  околу 2 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода лицата И.А.(24 год), Ѓ.Ш.(28 год), Б.Х.(24 год) и Б.Д.(20 год), сите од Велес, затоа што околу 1.30 часот учествувале во меѓусебна физичка пресметка во домот на И.А. и Ѓ.Ш., при што И.А. со остар предмет му нанел убодни рани на Е.У . Според пријавеното, на настанот му претходела физичка пресметка помеѓу И.А. и Б.Х. на ул.„Ѓорѓи Димитров“ во Велес“ - соопшти Верољуб Додески- портпарол на СВР Велес.

Полицијата извршила  увид и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На повреденото момче  кое било на 22 годишна возраст, на помош му дошла екипа на Итната помош, која веднаш потоа го пренела на хируршкото одделение од велешка Болница.  

„Донесен е пациент со  три убодни  рани на грбот.  Дадена е потребна лекарска помош.  Поради опсежноста на повредите препратен е на  Клиника Мајка Тереза“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.   


СВР  Велес информира и  групна тепачка, помеѓу пет малолетника.
 
„На 25 октомври  околу 13  часот во СВР Велес било пријавено дека во двор на средно училиште во Велес, по кратка расправија, настанал физичка пресемeтка помеѓу три малолетници од населба Чашка, од една страна и двајца малолетници од село Извор и село Оморани, од друга страна“ - соопшти Додевски.  

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »