речник контакт

Тепачка помеѓу двајца велешани кај Сточното пазариште а повредена е сопругата на едниот од нив

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот

Петар Печков

Понеделникот попладне, тепачка помеѓу двајца велешани, настрадала сопругата на едниот од нив.  Инцидентот се случил кај Сточното пазариште, близу Железен мост.

„На 19 февруари во 16.30 часот на улица „Хаџи Косте“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги привеле Е.Х.(24 год) и И.У.(42 год), двајцата од Велес, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Според пријавеното, во пресметката, на страна на Е.Х. се приклучил и Е.Х.(59 год) од Велес, кој бил повикан во полициска станица на службен разговор. Притоа, со повреди се здобила К.Ч.(25 год) од Велес, сопруга на приведениот Е.Х.(24 год)“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Полицијата превзема мерки за расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »