речник контакт

Тепачка со истрели во центарот која ги вознемири велешани ( обновено)

Еден повреден, застрелани нема. Причина за тепчката долгови кон таксисот за возењето на две лица до Бузалково

Петар Печков

Околу 16 часот пред продавницата на АНИ во комплекс Чешел се случила тепачка која ја потврдуваат од велешката полиција. Причина  е долговите кои две лица И.Л. и Ш.Д. од велешкото село Бузалково ги имале  кон таксистот Томислав Ѓ

Имено тие двајцата често се возеле до родното село а плаќањето го вршеле од време навреме. Денес се сретнале околу пладне пред ресторанот Булетус кога Томислав  побарал од двете лица да му го платат долгот, но наместо тоа добил шамар в лице.

По ова тој бесен заминал дома и ја земал ловечката пушка од татко му и дошол во центарот на градот каде се надевал дека ќе ги види патниците. Така и било, кога околу 16 часот пред продавницата на АНИ ги видел како се шетаат овие лица. Потоа со пушката излегол од неговото возило и ги барал парите што му ги должат, но наместо пари добил ќотек.

Во тој момент  пука а еден од нив во метежот му ја удира пушката по што истрелите и сачмите завршуваат во патничко возило цитроен Ц-4 паркирано а во кое во тој момент имало две лица. Среќна околност е што сачмите завршиле на шофершајбната и нема повредени. По ова  двете лица му ја земаат пушката на Томислав и со неа крвнички го претепале  а таксистот останал да лежи на тротоарот. Сведоците викнале брза помош која го однела во Болница. 

Дежурниот доктор д-р Филип Тодоровски изјави дека кај нив е примено едно лице, со повреди на главата од ударите со кундакот. Истото е надвор од животна опасност. Тодоровски потенцира дека нема донесено лице кое има огнострелна рана ниту застрелано, како што се прошири информација низ градот. Од СВР Велес велат дека  ги уапсиле двете лица И.Л. и Ш.Д.  кои учествувале во тепачката и станува збор за жители од Горно Јаболчиште.  Против сите три лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »