речник контакт

Теренски, денес во Мартолци и Оморани вакцинирани 66 лица

Утре теренска вакцинација во Теово, Согле и Богомила

Петар Печков


Продолжи теренската вакцинација, за заштита од ковид-19 во велешко. Денес екипата на Здравен дом Велес беше во посета на селата Мартолци и Оморани.

Вкупно е вакцинирани 66 лица, што надлежните го оценуваат како висок одѕив. Во двете села идентичен број на жители, по 33 се вакцинирале. 

За утре теренската вакцинација продолжува во селата од Азот,  од 9 ч. во Теово, па  Согле и Богомила. Досега за шест дена теренска вакцинација пушени се 360 вакцини „Синовак“ прва доза, во 18 населени места.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »