речник контакт

Тест периодот заврши, паркирањето на паркинзите во градот се наплатува

Плаќањето е преку мобилна апликација

Петар Печков

Има нема платен паркинг, беше дилемата која се создаде во јавност, по информациите кои доаѓаа. И додека надлежните од ЈП Парк -спорт и паркинзи, објаснуваа дека ова е тест период, граѓани кои користеле паркинг место, уверуваа дека од нивната сметка биле одземени средства  за извршена уплата за паркирање. Денес ваквата состојба ја разјаснија од Општина  Велес.

„ЈП  „ПАРК-СПОРТ И ПАРКИНЗИ“ Велес, по тест периодот за усогласување на системот за евиденција на возила со мобилните оператори, официјално започнува со наплата на услугите на јавните паркинг места по зони, каде што се поставени информативните табли“ - соопштија од локалната власт.

На  граѓаните им порачуваат  внимателно да ги следат информациите од таблите и точно да ги внесуваат податоците за возилото или да се консултираат со службените лица кои се наоѓаат на паркинг местото, за да биде регистрирана уплатата.

Јавните паркиралишта со кои управува јавното претпријатие се поделени во три зони: А, Б и Ц. Цената на услугата во зона А е 30 денари за еден час и паркирањето е ограничено на два часа, во зона Б е 20 денари за еден час  и нема ограничување на паркирање и во зона Ц е 10 денари од час, нема ограничување на паркирање. Дневна паркинг карта од 24 часа за сите три зони изнесува 400 денари.

Во зависност од зоната, дефинирани се цени на паркирање во неколку тарифи. Услугата за паркинг местата ќе се наплаќа од понеделник до петок од 07:00 часот до 23:00 часот по летно сметање на времето, додека во сабота ќе се наплаќа од 07:00 до 17:00 часот.

Кај дел од граѓаните има реакции за воведувањето на платениот паркинг простор. Тие сметаат дека за да се вовед платено паркирање освен неколкуте паркинзи во градот,  потребни се најавените и ветени  катна  и подземна гаража.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »