речник контакт

Тетовец кој имал фирма во Велес, затаил акциза во висина од еден милон евра

Обвинетито Б.А. (48 год) од Тетово потпишал изјава дека тутунот кој ко увезол, ќе го доработува во просториите на правното лице, на наведените адреси на фирмата немало ниту машини за доработка ниту складиште

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против 48-годишен жител на Тетово за кривично дело – Избегнување на плаќање акциза. Обвинетиот  Б.А.  со вршењето на неговата дејност а со неплаќање на акциза го оштетил државниот буџет за еден милион евра.

На обвинетиот му се става на товар дека вo текот на 2019 година, како управител на фирма, која ја отворил во Велес,  чија приоритетна дејност бил  трговија со жито, тутун и семе, со намера правното лице да избегне целосно плаќање на акциза на што било обврзано со одредбите од членовите 8 и 10 од Законот за акцизи, ги испратил од акцизен склад и ги пуштил во промет акцизните добра без акцизна маркичка. Притоа било избегнато плаќање на акциза од голем износ, односно во висина од 62.658.750 денари.

Обвинетиот тетовец  во име и за сметка на правното лице, во два наврати – на 02.10.2019 и на 24.10.2019 година, извршил увоз на вкупно 35.650 килограми бруто (32.550 килограми нето) сушен тутун во лист тип „вирџинија“. По негови напатствија дадени по телефон, тутунот со товарни возила бил изнесен од Царинската испостава Кавадарци и пренесен во магацинска просторија во Чаир, Скопје.

Иако обвинетиот во име и за сметка на правното лице потпишал изјава дека тутунот кој се увезува ќе се доработува во просториите на правното лице, каде се наоѓаат машини за доработка на тутун, по што ќе биде сместен во магацините на правното лице, на наведените адреси на фирмата немало ниту машини за доработка ниту складиште.

Јавниот обвинител поднел и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице поради постоење на околности кои го оправдуваат стравот дека доколку биде на слобода ќе се даде во бегство.

Кривичната пријава во ноември 2020-та ја поднесе Царинската управа на Северна Македонија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »