речник контакт

Тетовец осуден на три години затвор, за неплаќање акциза од еден милон евра за увезен тутун

Обвиентиот има обрска на државата да и врати еден милион евра кои ги затаил

Петар Печков

Тетовецот Беким Аземи (48 год) доби три години завор за кривичното дело „неплаќање акциза“.  Во Основен суд Велес, тој беше прогласен за виновен и судијата Шефшет Адеми, претседател на  петчлениот кривичен совет му одреди затворска каза, но и обврска да ја врати штетата која ја предизвикал кон државата во висина од 62 милиони денари. 

Пресудата не е правосилна. Обвинетиот Аземи во 2019-та во два наврати во октомври на 12 и 24-ти, преку неговата фирма „Порто Вело“ со седиште во Велес, увезол вкупно 35.650 кг сушен тутун, марка „вирџинија“ вреден 71 илјада евра. Тој наместо во пријавениот склад во Велес завршил на неодредена дестинација во Скопје, од каде му се губи трагот.

„Со уредна царинска декларација транспортиран, увезен од Грција со возила, со кои е дистрибуиран до  Царинска испостава во Кавадарци. Откако се завршени административните работи,  ги напуштил и според кажувањата на возачите тутунот е пренесен е во Чаир, наместо во пријавениот склад во Велес и пуштен во промет без да се плати акциза“ - кажа обвинителката Славица Темелковски.  

Одбраната на обвинетиот Аземи со тврдење дека робата која е превезувана не е акцизана.

„Тутунот кој е увезен не е преработен, не сецкан, туку суров исушен, во лист и тој не подлежи на акциза. Тој така е и тарифиран во декларациите при увозто“ - рече адвокатот Ангел Ѓорѓиев, бранител на обвинетиот Аземи.

Обвинетиот во своја одбрана кажа дека не се чувствува за виновен.

„Не сум сторил никакво дело. Јас сум градежник и во 2019-та сум увезол тутун  кој ми беше одземен како долг“- кажа Аземи во завршен збор.

Тој останува во притвор до правосилноста на пресудата.   Кривичната пријава во ноември 2020-та ја поднесе Царинската управа на Северна Македонија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »