речник контакт

Техничко технолошкиот факултет од Велес ги доби првите четри магистри

Беа промовирани и 53 дипломирани студенти

Петар Печков

Првите магистранти  на Техничко-технолошкиот факултет од Велес ги добија  нивните  дипломи.  Тоа  се четири  жени, кои   одлучиле да го надградат сопственото  знаење.  Соња Елискова,  Љубинка Чанева од  Велес, Розида  Јакимовска  Јордановска од  Прилеп  и Везире Старова  од  Скопје на свеченост во просториите на факултетот од страна на деканот  Валентина Павлова се првите четири  магистранти. Тие завршија безбедност на храна и нутриционизам.

 Нашето  истражување покажува дека  на пазарот во земјава се  потребни овие профили на завршени  студенти и  магистранти.  Така факултетот го  продолжува и  надградува својот развој. Нашите завршени студенти не се само за контрола на квалитет на  храна туку и за развој  на нов  производ. Насоката  нутриционизам  која е едиствена  во земјава, дава можност завршените  да можат да создаваат  мени во  детските градинки, старечки домови за  секое  лице поединечно   -  изјави деканот Валентина Павлова.  Меѓу тие  што го  добија ова звање магистрант е  и  докторка  од Прилеп,  која  е  педијатар во примарното здравство.

Триесет  години работам во  превентива и работам со  школската  популација.  Кога   ги   гледам децата  како   се  гојазни, подебели,  решив  да го  надополнам знењето и да   им  помогна.м  Тие  се нашата  иднина и чекав  да се   отвори ваква насока  за да  можам  на децата да  им  помогнам со   моите совети. Учев  со  голем   ентиузијазам,  елан,  одрекување , труд  и  читање.  Но  најважна  е волјата и желбата - изјави д-р   Розида  Јакимовска  Јордановска од  Прилеп, која работи во детска превентива и систематски прегледи при ЈЗУ Здравстен дом Прилеп.  Титула магистер доби и велешанката Соња Елисковска, која во јули 2012-та  ја доби  и првата диплома на овој факултет. 

Истовремено беше промовирана и четвртата генерација на дипломирани  53 студенти, кои посетуваа настава четири студиски години. Тие се здобија со звање дипломиран технолог инжинер  насока прехрамбена  технологија и биотехнологија  на насоката нутриционизам. Факултетот има дисперзирана настава во Кичево и Битола.    Техничко-технолошкиот факултет од Велес  кој работи   при Универзитетот  Св. Климент Охридски од Битола, започна со работа од  2008-та година. Новина е што од есен   на овој факултет ќе можат да се запишуваат и  студенти на докторски студии.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »