речник контакт

Тешка беше нашата разделба

Советниците по четиригодишна работа кога имаше и лутење и карање, се разделија во пријателска атмосфера

Петар Печков

Со 74-та  седница Советот на општина Велес ја заврши четиригодишната работа. 23-цата советници така го завршија нивниот мандат во кој имаше растежи и падови, свиркање, аплаузи, свирчиња, навреди, повреди, лутење, караници, бојкот.  Имаше седници до рано наутро имаше и експресни за еден час.

Но сето тоа со завршувањето на седницата замина во историјата а советниците во Меаната кај Даце. Претседавачот на Советот Чадиев, кој во четири годишниот мандат  се  покажа како штедлив, овој пат пушти срце и ги повика сите советници на заедничко дружење, последно во овој состав. Така и бидна,  поголемиот број дојдоа и од власт и од опозцијата, имаше и отсутни, оправдано или не немаше евиденција.

Дојде и градоначалникот Петров и во пријатна атмосфера се разделија како што доделува на луѓе, кои утре ќе се сретнуваат по велешките улици ( Некои ќе ги има и во наредниот состав на Советот).Можно е советниците до истекот на нивниот мандат, а тоа е составувањето на новиот Совет да имаат уште една седница и тоа вонредна, на која ќе треба да ги  констатираат штетите од неодамнешната поплава.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »