речник контакт

Тешко повреден откако паднал во дупката од лифтот

Гостин паднал во дупка од лифт и се здобил со тешки скршеници, опасни во живот и пренесен е на КАРИЛ во Скопје.

Петар Печков

Гостин паднал во дупка од лифт и се здобил со тешки скршеници, опасни во живот и пренесен е на КАРИЛ во Скопје. Настанот се случил во среда наутро , кога во зградата на улица Андон Шурков бр.10 лицето Петар Рајковиќ ( 59 год) од населба Чашка, паднал во висина од 11 метри. Тој вечерта бил во посета на пријателка во зградата К-4 комплекс Узус, и откако таа не го примила тој сакал да замине. При тоа  ја отворил вратата од лифтот на третиот кат, кој не бил исправен, и паднал во дупката. Неговите запомагања ги слушнале младите од зградата кај велешани позната како Мапет шоу, кои во тоа време се прибирале дома, по што повикале Итна помош.

Медицинската екипа го однела во Велешката болница откаде според докторот Горан Јовиќ поради големиот број скршеници на главата, карлицата, ребрата, екстремитетите, бил веднаш пренесен во Скопје.Полицијата настанот во води како несреќен случај и го испитува количеството на алкохол во крвта на повредениот. Станарите велат дека лифтот не работи десетина години а сите негови врати се заклучени и за нив е нејасно како Рајковиќ успеал да ја отвори вратата на третиот кат, откаде паднал и дека тој ноќта бил во алкохолизирана состојба.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »