речник контакт

Тешко се доаѓа до термини за специјалистички прегледи а во некои болници нема и доктори специјалисти, реагираат пациентите и матичните доктори

Доктори специјалисти има, но се сконцентрирани во Скопје

Петар Печков

Термини за специјалистички прегледи нема или тешко се доаѓа до нив а пациенти реагираат до матичните доктори. Тие се жалат и што нема доктори специјалисти во нивниот град, па мора да патуваат до Скопје, Битола, Штип.  За оваа појава по корона пандемијата посочува д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари.   

„Термини има ама како да нема, не можат да се закажат специјалистички термини. Или ако има термини, тие се малку за потребите на граѓаните, на пациентите. Доктори специјалисти има, но се сконцентрирани во Скопје. Пример од  Велес каде јас работам,  во болницата нема кожен, ушен нема, еден е очен доктор, еден трансфузиолог, десеткуван е кадарот. Или пак апаратите не работат па мора пациентите да се праќаат во Скопје или друг град. Прашање е  и дали специјализантите ќе се вратат во институцијата  од која се испратени, бидејќи тие лобираат да останат во Скопје на клиниките. Да не заборавиме, сите граѓани плаќаат здравство“ - вели д-р Чолакова Дервишова.    

Таа предупредува дека пациенти со тешки белодробни болести  од Велес, ќе бидат изложени на дополнителни трошоци, бидејќи единствениот доктор пнеумофизиолог од Велешката  болница до крајот на годината ќе оди во пензија. Појаснува дека со неговото заминување, матичните лекари ќе мора да ги преупатуваат овие  пациентите кои редовно примаат медицинска терапија, да добијат рецепт во Специјализираната болница во Јасеново или во Скопје.

Додава дека многу проблеми биле наталожени  со годините наназад и не можело се да се реши, во краток рок.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »