речник контакт

Тимоние - успешни претседателски избори без манипулации и злонамерна волја

Францускиот амбасадор при посетата на Велес побара спроведување реформи и на донесените закони

Петар Печков

Францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние попладнево беше во посета на Велес. Оствари средба со градоначалникот Аце Коцевски а потоа  имаше средби и со претставници на  локалните ограноци на  политичките партии и Ротари клубот од градот.

Овде сум да ја поддржам работата на невладините организации а една од Алзас воспостави силни врски во Велес. Суштината на Европа е создавањето  солидарност и вистинско пријателство меѓу народите. Тоа може да се случи ако добро меѓусебно се познаваме, како што се вината на Северна Македонија кои ги промовираме во Франција.   Зборувавме и за Вашиот пат  кон ЕУ, кој не е воопшто е лесен,  има голем број услови, кои се добри за Вас. Сакаме  да ве придружуваме на тој пат а не да поставувавме пречки, да помогнеме чекор по чекор  да напредувате. Потребно е и чувство за национално единство и национален интерес. Потребно е изгласување на одреден број Закони во Собранието и нетрпеливо очекуваме тие да бидат изгласани.  Но и тие Закони изгласани од пред некој месец дека се спроведуваат. Вие сте на добар пат, но треба да се забрза брзината.  Успешни  претседателски избори ќе биде многу важна работа, без манипулации и злонамерна волја. Со тоа ќе се сврти страницата од 27 април. Тоа ќе го создаде убедувањето на Европските земји дека земјата е зрела да забрза по Европскиот пат. Скептицизмот кој би можел да постои не доаѓа од нашите Влади, тие немаат ништо против Северна Македонија, напротив.  Скептицизмот постои кај нашето јавно мислење, затоа што тоа за овој регион има претстава дека  е регион кој повеќе испорачува  проблеми отколку решенија. Договорот од Преспа   е спротивен сигнал, поддржан од сите, но тој треба да се зајакне. Преку спроведување реформи но и зајакната политичка клима и таква порака праќам до политичките партии бидете позитивни како што сме ние - рече Тимоние. 

Коцевски изрази благодарност што амбасадорот Тимоние  вложува сериозни напори и труд во трасирањето на европскиот пат на Македонија.  

Разменивме корисни информации за поддршката што  Република Франција  ги дава на патот на земјава кон ЕУ. Зборувавме и за состојбата со локалната самоуправа и за соработката на општина Велес со регионот на Алзас. Импресиониран сум од длабочината на познавањето на  амбасадорот Тимоние на работите во Македонија и како тој знае да даде силна поддршка - кажа Коцевски. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »