речник контакт

Тина Сара, Стефани и Ивона сонуваат Дедо Мраз да им донесе дом

Помошта се потроши, куќата на Давчевски остана недоградена

Петар Печков

Сопрени се градежните работи при изградбата на куќата на семејството Давчевски.  Таа изгоре во голем пожар на 1-ви ноември. Потоа со помош на хумани луѓе започна да пристигнува помошта, да се гади од темел нова куќа. Но деновиве работите сопреа. Се што беше досега подарено е потрошено   а семејството нема средства за да набават уште нешто од тоа што остана за да се догради.

Потребно е д се прегради внатре куќата и да се изгради кровот, постави под. За тоа се потребни уште околу три илјади евра. Јас и сопругата сме невработени и ги немаме тие пари. За работниците кои градеа најдов две илјади евра за д аги платам. Моите можности се толку. Убаво ќе беше до пред да фати снегот ја завршиме куќава, ама тешко оди - вели  Давчевски Велибор.

 И тој и сопругата се невработени. Досегашната помош е обезбедена од Општина Велес, фирмите Делта пром, Тргошпед, прозори и врати од скопска фирма. Семејството Давчевски вели дека  имаат доволно облека и храна, единствено нешто што им треба е да се заврши куќата како и хигиенски средства.

 Десет души во една соба, тешко се живее. Сместени сме кај сестрата на Далибор. Ние сме седуммина, четири деца, свекрвата и јас и сопругот.   Заедно со домаќините тројца на десетина квадрати е несфатливо, ама мораме да издржиме.   Децата уште имаат трауми од пожарот, знаат во сон да се вознемират, да плачат, тагуваат по домот. Еднаш дојдовме, но потоа беше  потешко - вели Ленче Дачевска.  

Тина Сара,  Стефани и Ивона од три месеци до четири години копнеат по топлото домашно огниште, кое огнот  им го пеплоса.  За нив сонот е Дедо Мраз да им донесе дом.   Надеж за семејството Давчевски  се хуманите луѓе, кои доколку помогнат може да се заврши куќата.  

210501669280130  на Ленче Давчевска во НЛБ Тутунска банка

 контакт телефон  Велибор: 070/265-063.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »