речник контакт

Титаник не е е најголемата бродска трагедија

Кој се најголемите бродски катастрофи, каде има погинато и по 5-6 илјади лица

Петар Печков

Goya                                  1945           Германија               6.000
Wilhem Gustloff           1945    
      Германија                 5.348
Cap Arcona                     1945
           Германија                  4.500
General Steuben           1945
            Германија               3.500
Thielbek                           1945
           Германија                2.800
Woosung                          1948
           Кина                           2.750
Dona Paz                          1987
            Филипини               2 .000
Titanic                              1912
              Велика Британија 1.503
Lusitania                         1915
            Велика Британија      1.198

Ова е листата на бродските несреќи со најмногу жртви, иако неофицијалните податоци се многу повисоки од овие посочени, од едноставна причина што немало контрола колку луѓе се на бродовите

 

Вилхелм Густлоф е името на бродот за кој сигурно се знае дека имал  повеќе од шест илјади патници од кои настрадале 5,348, иако  новите истражувања зборуваат дека таму се удавиле осум илјади лица. Најголемиот број од нив биле цивилни жртви, жени, старци и деца, Германци и нивни поддржувачи кои бегале од Летонија и Литванија при крајот на Втората светска војна.

На бродот кој бил преполн ,имало и 1,2 илјади ранети. Тој бил торпедиран во Балтичкото море на 30 јануари 1945 година од страна на руска подморница  С-13 и потопен со три погодоци. Кога бил изграден 1938-та  требало да се именува Адолф Хитлер, бидејќи бил гордост на нацистичка Германија, но тие денови бил застрелан висок нацистички функционер  Вилхелм Густлоф по кого го добил името овој брод тежок 26 илјади тони.

За време на неговиот краток век, со него Германците крстареле по Медитеранот за ефтини пари. Бродот се наоѓа  на длабочина од 181 метар. За овој настан кој се случи при крајот на Втората Светска војна, малку  се пишува, од едноставна причина, било време на војна и никој не може да докаже дека Германците не пренесувале оружје или нешто што не е легитимна воена цел. Преживеале 1250 лица.

Бродот Гоја е потопен на 17 април 1945, неколку дена пред капитулацијата на фашистичка Германија. Во обидот да избегаат пред Русите, од полското пристаниште Гданск, каде имало стотици илјади бегалци, поддржувачи на Германците, тие бегале со брод за Копенгахен Данска. Од руска подморница Л-3 со две торпеда бродот е прекршен на пола и исчезнува во водата за само 4(четири минути). Се смета дека на бродот загинале 7.000 луѓе а преживеале 183. Германија и не ја забележала оваа огромна загуба, бидејќи се спасувала од поразот и доаѓањето на Русите. Бродот е изграден 1942 година во Норвешка. Бродот се наоѓа на длабочина од 80 метри.

Бродот  Генерал Фон Штоубен потопен на 10 февруари 1945 година, на него пловеле  околу четири илјади ранети, бегалци, медицински персонал, се спасиле 300, потонал за 7 минути. Погоден со две тропеда.

Бродовите Кап Арона и Тилбек се бомбардирани од РАФ, авијацијата на кралска Британија, имале заедно 7,8 илјади патници, преживеале неколку стотини. Потопени се во заливот Либек. На бродовите биле воени заробеници, кои требало да бидат депортирани, немало Германци. Во овие четири морски катастрофи на Балтикот приближно се удавени 25 илјади лица. Историјата овие настани ги припишува на колатералната штета, како што Американците убија десетици илјади Јапонци со фрлањето атомските бомби, така и Русите ги убиле овие Германци кои бегале пред поразот на нацистичка Германија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »