речник контакт

Товарен воз удри во автомобил, близу Гевгелија, возачот починал

Инцидентот се случил на обележан патен премин кај селото Давидово

Петар Печков

Претпладнево околу 11ч. товарен воз кој сообраќал на релацијата Белград - Солун, удрил во патничко возило, кај селото Давидово -гевгелиско.

Возачот сообраќал по регионален пат, кој се вкрстува со железничката пруга, а патниот премин според Македонски железници бил обезбеден со сообраќајна сигнализација, ликовна, светлосна и звучна и сите биле во функција.

„На 30 август  околу 11.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на влез во железничка станица Миравци- Гевгелија, товарен воз кој сообраќал од Трубарево кон Гевгелија, удрил во патничко возило „опел вектра“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(76) од село Удово, валандовско. Од здобиените повреди на местото починал возачот Р.И.“ - соопштија од МВР.

Смрт констатирал од лекар од Итна медицинска помош од Валандово. Во тек е увид  поради што  во моментот, железничкиот сообраќај на делот од пругата од демир Капија до Гевгелија  е во прекин.

фото архива

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »