речник контакт

Товарен воз удри во автомобил, на преминот кај Оризари

Повредениот поради сериозноста на повредата е пренeсен на невpохируpгија во Скoпjе

Петар Печков

Попладнево околу 16,30 ч. на железничкиот премин за Оризари се случила сообраќајна незгода, кога товарен воз удрил во патнички автомобил, марка „белринго“.   ОД МЖ за ТрМр  соопштија  дека  во автомобилот удрил товарен воз кој возел од Прилеп  за Велес а незгодата се случила на обезбеден железнички премин со вертикална сигнализација. 

На местото од сообраќајката интервенирале  велешките пожарникари кои го извадиле  возачот, од оштетеното возило.

 „Повреден е пациент, роден 1975-та година, машко лице. При прегледот констатирани се повреди на глава, врат и граден кош. Дадена му е неопходна лекарска помош, во моментот контактибилен, но не се сеќава за сообраќајката. Пренесен на хируршко одделение од Болница“ – кажа др- Јадранка Мишкова за ТрМр  која со екипа од Итната помош  биле на лице место.  

Возачот бил единстен патник во автомобилот, возел од Оризари кон Велес, и по ударот бил влечен од возот десетина метри и отфрлен во ров покрај пругата. Од велешката Болница соопштија дека повредениот има тешка телесна повреда.

 „Донесен е повреден возач, кај кого по извршените претраги и снимања констатирана е тешка телесна повредам, фрактура на вратна кичма. Поради сериозноста на повредите е пренесен на  неврохирургија во Скопје“ –изјави за ТрМр  д-р Елеонора Јованова, портпарол на велешка Болница.

Последниот ваков сообраќаен инцидент на железничкиот премин кај Оризари, се случи преде една година на 27-ми јуни лани. Тогаш немаш повредени, возачот побегнал навреме.

 Фото архива ТрМр

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »