речник контакт

Товарно возило излетало од автопат, возачот починал

Сообраќајката се случила после наплатна станица „Виничани“ на автопатот Велес -Неготино

Петар Печков

Сообраќајка со смртни последици на автопатот, после наплатна рампа Виничани. Повеќе детали од СВР Велес.

„Денес  20 cептември во  11.55 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопат Велес- Неготино, после наплатна станица „Виничани“, товарно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.А.(47 год) од Скопје, излетало од коловозот. Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“ – информира Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес. 

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Велес. По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »