речник контакт

Тодорова ОЈО за Велес, Мишева Јорданова за Кавадарци

Тие имаат мандат од четири години

Петар Печков

Советот на Јавни обвинители на вчерашната седница изврши избор на основни јавни обвинители за неколку обвинителства.

За подрачјето на ОЈО Велес и избрана Гордана Тодорова која изминатиот период беше и в.д. на оваа позиција.  Таа го водеше предметот за ,,злоупотреба на службена должност,, за екс градоначалникот на Чашка Горанчо Пановски кој доби неправосилна пресуда од   три години затвор.

Основен јавен обвинител за подрачјето на Кавадарци е избрана велешанка која работи и живее во овој град,  Елизабета Мишева Јорданова. Таа го водеше предметот за екс градоначалникот Александар Панов, кој го призна поткупот и доби парична казна од 300 евра.   

Тодорова и Мишева Јорданова  на позицијата Основен Јавен Обвинител  имаат мандат од четири години 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »