речник контакт

Тодорче Ѓоргиев го искачи врвот, Ајланд пик на Хималаите, висок 6.165м (фото)

За да сигне до целта му требале 25 дена а попатно се искачил уште и на два други врва на Хималаите

Петар Печков

Велешанецот Тодорче Ѓоргиев, го искачи врвот Ајланд пик, на Хималаите , висок 6.165 метри. Така тој ја продолжува низата од високите врвови Амаванд во Иран и Килиманџаро во Танзанија. За да стигне до Алјанд пик, Тодорче попатно искачил и уште други два врва на Хималаите.

Искушението за него започнало со тргнувањето од Македонија на 13 октомври и траела 25 дена. Требало многу напор откажувања и  труд, за да се оствари целта. Тоа започнало на 17 октомври.

„Остварувањето на мојата желба и цел започна со летот од Катманду до Лукла. Секој ден имавме тренинг и спиевме во десетина села во лоџови кој се на патеката а за да стигнеме до нив , секојдневно пешачевме по десетина и повеќе километри . До самото подножје на планината односно до базниот камп на Ајленд пик 6156м , пешачевме цели 12 дена со поминати преку 140км . За подобро искачување на врвот , односно за подобра аклиматизација искачивме два други врва пред Ајленд пик. Тоа се  Нангапаршанг 5100м  што се случи на  22 октомври  и Калапатар 5644м  на 25 октомври“ - вели Тодорче.

Со искачувањето на овие два планински врва, стигнале од почетната станица за освојување на  Еверест , односно до првиот базен камп  Everest base camp кој се наоѓа на 5364м. . Следниот дек стигнале до базниот камп на Island Peak на 5100 м. Тој бил дел од Македонската експедиција составена од осум члена од различни клубови од земјава.

„Таму имавме тренинзи за качување по јаже , додатна аклиматизација и одмор пред денот на искачување. Точно во 1 по непалско време на 28 октомври, од базниот камп се упативме кон снеговите и глечерот на Ајленд пик и по 6 часа бавно движење дојдовме до глечерот , каде ја облековме алпинистичката опрема , сменивме чизми и ставивме појаси , шлемови и дерези . Снежниот дел изобилува со пукнатини , па движењето беше строго по јажиња и обезбедени . Поради глобалното затоплување голем дел од снежната покривка и мраз се повлечени од патеката , зошто станува збор за 200м вертикала и сега таа патека на вертикалата на некој места е само со карпа, која го отежнуваше движењето а посебно спуштањето од врвот . На тој дел од патеката поминавме скоро три часа и точно во 9 часот по непалско време на 28.10.2023 год , Македонската експедиција составена од 8 члена од различни клубови од Македонија , го искачи врвот на островот Island Peak 6.165. По паузата фотографирање и веење на Македонското знаме , внимателно се вративме во базниот камп а потоа и до првото село каде радоста и емоциите не можевме да ги скриеме“ - објасни Ѓоргиев. При освојувањето на врвот, ги користеле услугите на шерпасите, без кои не е можно искачувањето.

Вели дека започнал со искачувањето на врвови од три илјади метри, продолжил со 4, па 5, сега шест и затоа посакува до година да освои некој врв со 7 илјади метри надморска височина, можеби во Јужна Америка.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »