речник контакт

Томе Каратрајков ја издаде неговата прва книга „Сполај ти животе“ (видео)

Тоа е висинска приказна, случена во неговото пошироко семејство

Петар Печков

Велешанецот Томе Каратрајков ја издаде неговата книга, романот „Сполај ти животе“ во издание на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“.  Ова е негова прва книга.

„Ова е вистинска емотивна приказна за еден човек,  кој барајќи подобар живот заминал за Париз. Барајќи се себе си, го изгубил семејството. Настаните се инспирирани од поширокото семејство, за татко ми на мојата мајка, мојот дедо кој се одважил и заминал на гурбет , во градот на светлината. Иако првично со параходот тргнал од Солун, тој се симнал во Марсеј и животот го минал во Франција. Во книгата има сведоштва, емоции,  историски настани, се што сум слушал од дома “ вели Каратрајков,за неговото прво дело.

Промоцијата на книгата се очекува летово, во Велес, кога неговите деца, ќерката и синот,  ќе дојдат дома.  Томе вели дека во главата има содржини за следни дела и дека тоа, пишувањето,  ќе го стори во наредниот период.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »