речник контакт

Топ 10 најнеобични материи во светот

Луѓето од секогаш биле воодушевени од предмети или лица кои по нешто се „нај“ – најсилен човек во светот, најотровно животно или најбрз автомобил. Сепак тие особини се подложни на „рушење на рекорди“. Ако сакате вистински екстреми, погледнете ги најневообичаените материи кои се познати на човекот

Петар Печков

Најтемниот материјал

Овој неверојатен материјал впива 99,9 отсто светлина која ќе падне на него. Со помош на грубата и нерамномерна површина, составена од слоеви на нано цевчиња од јаглерод, ефективно спречува речиси секаква рефлексија на светлина – идеално за внатрешноста на телескоп и потенцијално „совршени“ соларни колектори.

Најзапалива материја

Кога ќе помислите на нешто многу запаливо, веројатно ќе помислите на напалм, фосфор, термит или некој гас. Но, нај запалива супстанција е хлор трифлуорид, соединението е толку многу запаливо и опасно што од неговата примена се откажаа и нацистите. Лесно е да се разбере зошто, со оглед на тоа дека во една несреќа при употреба на хлор трифлуорид, по истекувањето и палењето на еден тон од ова соединение настанал таков пекол што целокупната маса изгорела низ 30 сантиметри бетон, а потоа уште цел метар песок, пред да се изгаси пламенот.

Најсилен отров

Колку се луѓето подготвени да ризикуваат за „убавина“ зборува и соединението Ботокс – хемикалија која содржи ботулин, добиена од бактеријата Цлостридиум ботулинум. Во медицината се користи за умртвување на ткивото, но не во големи количини. Четири килограми можат да ја „умртват“ целата светска популација. Едно зрнце успешно ќе уништи просечен човек од сто килограми.

Највисока постигната температура

За жал, ако помисливте на јадрото на Сонцето или експлозија на нуклеарна бомба, целосно сте погрешиле. „Супа“ од кваркови и глуон, како елементарни честички на клеточните ѕидови, е една од состојбите во кои вселената се наоѓала пред самото настанување. „Гулаш“ од клеточни ѕидови што ни се познати, ја надминува температурата на Сонцето за цели 250.000 пати, а настанал со судирање на атоми на злато, речиси при брзина на светлината.

Постигнатата температура изнесувала околу 4 трилиони степени, од која се стопиле и самите протони и неутрони. За среќа немало црни дупки, ни лоши изгоретини – супата имала кус живот, само трилионити дел од секундата.

Најсилна киселина

Во домаќинството сме навикнати да употребуваме хлороводородна киселина, во индустријата се употребува сулфурната, а најсилната киселина се вика флуороантимонска киселина. Од супфурната е посилна неверојатни 21019  пати, што е доволно да помине низ стакло, метал и подови, а несреќникот кој би настрадал од неа би испарил и со тоа би убил се околу себе. Како бонус, кога ќе се помеша со вода таа експлодира и уништува се околу себе.

Најсилен експлозив

Експлозијата никогаш не може да биде доволно голема – тоа е правило кое секој „вистински“ маж (и фан на Митбастерс) го познава речиси инстиктивно. Ласкавата титула за најсилен експлозив моментално ја делат две соединенија, хептанитрокубан, кој се наоѓа само во лаборатории, и ХМЏ кој се користи во ракетно гориво, насочено со притисок, па дури и со нуклеарни детонатори. За покренување на нуклеарна реакција во бомба не е доволно малку барут, поради тоа за таа задача се користи нешто што е толку гадно што името не смее да се изговори, па се користи кратенка.

Најрадиоактивна материја

Зборот „радиоактивно“ често се сфаќа целосно погрешно. На луѓето им се создава слика на растопен нуклеарен реактор кој гори до центарот на Земјата, но тука се работи за едноставно својство на еден елемент, т.е. губењето на честиците. Иако поимот „свети во темница“ е многу популарен, ураниумските шипки во електраните не светат. Тоа што навистина свети и тоа со мала сина светлина, е полониум 210, а сјајот настанува поради влијанието на зрачењето на околниот воздух. Од труење со полониум 210 умре рускиот шпион Литвиненко.

Најцврста материја

Дијамантот е импресивно чудо на природата, но човекот не би бил човек ако не се обиде да го надмине и дијамантот. Најцврстата материја, всушност е збир на нанодијаманти, за прв пат произведен 2005 година, во Германија. Ќе се употребува во речиси истите процеси како и обичниот дијамант, а разликата е во тоа што помалку се троши.

Најсилен магнет

Мешавина од железо и кислород, произведена минатата година, ги сруши сите рекорди и научниците ги натера да се „вратат на училиште“ и да ги проверат своите теории. Новото соединение ја надмина мешавината на железо и кобалт за 18 отсто, што може да внесе револуција во индустријата за магнетски уреди и електроника.

Најнеобична супер течност

Супер течност е име за состојба на материја која настанува при исклучително ниски температури, а се одликува со висока топлотна водливост и недостиг на вискозност. Најдобар пример е хелиум 2. Во целосно неочекуван расплет, хелиум 2 налиен во некој сад одеднаш почнува „да ползи“ по рабовите и да излегува од него, низ материи кои обично ги сметаме поцврсти поминува и низ најмалото дупче, низ кое не би поминала ни вода ни обичен хелиум. Она што е многу корисно кај хелиум 2 е неговата неверојатна способност за спроведување на топлина, која низ него поминува во бранови, како звукот низ воздухот.

текстот е превземен од Index.hr

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »