речник контакт

Топилница се продаде, турците се жалат

Метрудхем ДООЕЛ Скопје го купи МХК Злетово во стечај, така реши Собранието на доверители отако со мнозинство гласови е донесена оваа одлука, која е соопштена на огласната табла на Основниот суд во Велес, а по пристигнувањето на писмените одговори на дел од доверителите.

Петар Печков

Метрудхем ДООЕЛ Скопје го купи МХК Злетово во стечај, така реши Собранието на доверители отако со мнозинство гласови е донесена оваа одлука, која е соопштена на огласната табла на Основниот суд во Велес, а по пристигнувањето на писмените одговори на дел од доверителите. Фирмата зад која стои белграѓанецот Богдан Коленц како единствен понудувач даде 2,25 милиони евра. Фирмата е регистрирана на почетокот од месецот на Британските девствени острови со почетен капитал од еден милион евра.

Швајцарската групација Минеко, која е најголем доверител со 63 отсто од побарувањата и најавуваше учество на тендерот не се пријави. Нејзините претставници не сакаа да објаснат зошто е така, со обрзаложение де?а тоа ќе го сторат откако ќе заврши процедурата на изјаснување на доверителите. Вториот учесник на тендерот, турскиот ,,Јалум Дистричарет“ од Искендер беше дисквалификуван бидејќи уплатил 100 евра помалку од потребните еден милион гаранција, кои банката ги задржала како провизија. Поради ова тие најавија дека ќе вложат жалба на тедерот за продажба на МХК Злетово, кој се состои од комплекс Металургија – Топилница и комплекс Хемија – Фабриката за вештачко ѓубриво ХИВ.

Турците  сопштија дека Топилницата сакаат да ја купат за 3,3 милиони евра, објектот да го срушат и продадат како старо железо и тука да изградат Трговски центар како и мали и средни претпријатија, а на местото до фабриката за вештачко ѓубре да изградат железарница. Комбинатот  се продаваше без почетна цена, пет години по нејзиното заминување во стечај, бидејќи била загубар со ФЕСАЛ аранжманот.Првата проценета вредност беше 13,7 милиони евра.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »