речник контакт

Топилницата административно повеќе не постои во Велес

Советниците едногласно го усвоија новиот Генерален Урбанистички план на Велес со кој Топилница повеќе не постои на сегашната локација

Петар Печков

23-цата советници во Општина Велес со едногласна одлука, донесена со кревање на рака  ја збришаа Топилницата од простор каде сега постои. Со измената на Генералниот Урбанистички План  на тој простор е предвидено  да постои зелен појас наместо тешка загадувачка индустрија.

Така административно Топилницата повеќе не постои на хартија а велешани, заедно со локалните власти и службите во општината се изборија против големиот загадувач.

Оваа одлука е завршување на правната борба која градот ја водеше против Топилницата. Желбата на граѓаните да не постои тука повеќе оваа црна металургија  со новиот ГУП е почитувана. Со него му се скратува можноста на Метрудхем на постојната локација да бара дозвола за работа на ваков објект, бидејќи  планот таков не предвидува. Со ова во пракса се потврди политичкиот консензус на сите субјекти во градот дека Топилницата не ни треба, најважно е здравјето на велешани – изјави Александар Колев претседавач на Советот на општина Велес. 

Процедурата за промената на ГУП Советот на Општина Велес ја започна во 2008-тата година за по пет години правна битка и докажување пред надлежните државни институции се прифати новиот план на градот, со кој не е предвидено загадувачка индустрија во околината на градот.

Така велешани добија една битка, но имаат уште неколку пред себе, чистење на почвата од тешките метали олово и кадмиум кои Топилницата им ги остави како наследство за три децениското работење, како и големиот рид со згура и  јаловина остаток од работата на некогашниот индустриски гигант.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »