речник контакт

Топли или ладни, се дел од училниците во велешките училишта

Дел од родителите реагираат училниците се ладни, надлежните уверуваат затоплени се

Петар Печков

Вториот дел од учебната година во Велес, започна со реакции од родители кои реагираат на ладните училници за дел од училиштата. Ова посебно се однесува за ОУ Васил Главинов, каде според родителите децата седеле со јакни во училница. 

Децата се жалеа дека е ладни, некои и дека не можеле да пишуваат од што им студело.  Биле со јакни во училници – посочија засегнати родители.    На ова реагира од училиштето ОУ Васил Главинов, каде учат најголем број ученици во градот. 

Ги информираме сите ученици и родители дека ООУ „Васил Главинов“-Велес и покрај сите потешкотии во претходниот период, за време на полугодишниот распуст, кои се појавија поради екстремно ниските температури, успешно го започна второто полугодие со реализација на наставната програма. Дезинформациите кои кружат на социјалните мрежи од типот дека нема парно во училиштето се невистините и тенденциозни – напишаа на својот ФБ профил од ОУ Васил Главинов. 

Со прес реагираше и  ОО на СДСМ која праша зошто во ова училиште часовите се скратени на 30 минути. И според нив не се одржувала настава по физичко воспитување во салите во ОУ Блаже Конески и средното Економско, каде третиот кат немал греење.  

На ова реагираше и локална власт,   под чија ингеренција се училиштата. 

Не е вистина дека училниците се недоволно затоплени,а учениците седат со јакни. Во текот на вчерашниот ден сите училишта добија задача да ја измерат просечната температира во училниците. Резултатот од тоа е дека измерената температура ги задоволува потребните критериуми.

Не е вистина дека има многу испукани цевки од системите за затоплување. Точно е тоа дека имаше такви појави пред 15-тина денови кога температурите беа многу ниски, но тие се веќе заменети и санирани. Преостанува уште да се санираат дефектите во дел од училишните спортски сали, наскоро  наставата по овој предмет ќе добие нормален тек – стои во писмената реакција од Општина Велес. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »