речник контакт

Топол културен бран годинава со три концерти во Велес

Топол културен бран годинава со три концерти во Велес Ќе настапат етно составот Монистра, Зоран Џорлев и Сузана Спасовска и во август концерт на класична музика

Петар Печков

И годинава велешани ќе имаат можност да следат настани во рамките на манифестација , „ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН ЗА 2014“. Програмата е подделна во два дела од 20 до 30 јули и од 20 до 30 август. 

Во Велес во јули, засега без прецизиран датум ќе има  концерт на етно составот ,,Монситра,, . Тој важи за еден од култните македонски групи кои ја негуваат изворната македонска музика.  Групата „Монистра“ е формирана во 2002 година. Членови на групата се Александар Јовевски (кавал, гајда, тапан), Јован Стрезоски и Филип Николовски - тамбура, Антоније Аранѓеловиќ-клавијатури, Дамјан Зифовски-ударни инструменти и перкусии и Габриела Јанушева - вокал.  Групата има настапувано во Израел, Словенија, Франција, Бугарија и Хрватска и секаде со голем успех.

Кон крајто на  јули  заеднички концерт ќе имаат Зоран Џорлев и Сузана Спасовска кои снимија ЦД наслвоено ,,Виолина и глас,,. На него се песните "Те видов и се заљубив", "Налеј, налеј", "По друм одам, мајче", "Ајде брала мома", "Жали, горо", "Параходот ми пристигна", "Градел Илија манастир", "Црна се чума зададе", "Сношти појдов, мила мамо", преработки на традиционални народни песни, Музички материјал на двајцата врвни уметници насловен "Виолина и глас" на кој се обединети вонсерискиот глас на Спасовска и виртуозноста на Џорлев, во живо велешани ќе ја видат кон крајот на седми месец. Тие ќе имаат настап и во Градско, во рамките на Топлиот културен бран. Така освен Велес и Градско нема да има други содржини во соседни општини Чашка каде  имаше до лани и  Лозово.

 Во последната декада на август најавен е концерт на сериозна музика во изведба на Илија Нацовски и Габирела Бачманова  Сите содржини се поддржани од Министерството за култура.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »