речник контакт

Тоше Велев, алпинистичко освојување на Алпите

Ги освои Цумштајн и Триглав, во Италија и Словенија, но на вистински аплинистички начин

Петар Печков

Младиот велешанец Тоше Велев, ова лето  ги освојуваше Алпите и тоа алпинистички, на тешкиот  начин, за кој е потребно многу вештина, знаење и храброст.    Заедно со петмина исто така млади  алпинисти, десетина дена, живееја во височините. Го освоија Цумштајн и Триглав, во Италија и Словенија.

Сум ги освоил и Елбрус и Монт Блан.. Но овие искачувања беа вистински предизвик, врзани со јаже. Искачувањето на Триглав беше класичен алпинизам додека на Цумпштајн повисоко ниво од планинарење.  Сакам алпинистички, технички, не со прошетка, планинарски да се искачам на  некој врв - вели дваесетгодишниот Велев.  

Неговото патешествие заедно со уште пет исто така млади алпинисти од Скопје  Бојан Митановски, Маја Лазиќ, Александра Герасимова, Александар Буцевски и Един Никшиќ, започнало на 27 јули  а завршило на 9-ти август. 

Врвовите кои сакале да ги освојат биле во Италија, на границата кон Швајцарија. Заради аклиматизација првата цел бил Брајдхорн 4130. Теренот  кон врвот не бил  технички захтевен, не барал  работа  со јаже, се одело по   глечер,на овој врв немало  опасност од лавини. Затоа не биле врзани со јаже, немало потреба  да се реагира ако некој падне, се работело со ракавици, на минус 15. Но не успеале да го искачат, оти  времето не дозволувало, долу дожд, горе снег, користеле ЏПС оти маркациите не се гледале. Се упатиле кон нивната цел врвот Цумпштајн висок 4563метри.

Чекавме за искачување  погодно време три дена,. Бевме толку време  во шатор, накиснати. Се отвори четвртиот ден, одлучивме да се искачуваме, стигнавме со жичара до 3,2 илјади метри потоа пеш. Имаше магла, стигнавме некако до домот на 3,6 метри. Следниот ден забележавме прозорец, тоа е чисто небо, можност за искачување,  се искачивме на  највисокиот планинарски дом во Европа Маргарита на 4554 м. се искачуваме  во наврска. Јас Бојан и Един одлучивме да го искачиме Цумпштајн. Не е баш лесно за еден ден да се  искачи висинска разлика од илјади метри – додава Велев.

Последните 20-тина метри од врвот се искачувале индивидуално, оти со јаже или наврска е  критично ако еден падне или лизне, постои опасност  да ги повлече другите. Го  искачиле Цумшптаин 4564 м. До него е Дуфуршпиц  кој бил многу технички захтевен а секој ден врнеле нови наноси од снег поради што постела  опасност од  лавини.

Се вративме на домот од врвот Маргарита, каде беа останатите и дилемата беше дали да се спие на 4,5 илјади метри . Тоа е многу тешко оти е разреден воздухот, глава боли, се добива висинска болест, секое движење на оваа висина уморува.  Следниот ден прогнозите велеа дека имаме 5-6 часа да го освоиме врвот Дуфуршпиц 4634, но тоа е премалку за таков терен, каде има нагиб од 70 степени и одлучивме да се симнуваме Маја Александар и Александра го искачија Цумпштајн, и потоа заедно се  симнавме до стартниот место – објаснува Тоше. Со тоа искачувањето по Италија завршило, но тие барале нов предизвик. 

Бевме задоволни од тоа што го искачивме иако не беше според нашата замисла. Затоа одлучивме да го искачиме Триглав во Словенија но од северна страна, по насоката скалашка долга 1000 метри со тежина IV,V+  , која е мошне тешка и бара посебни напори.  Тоа е класично искачување по карпа со јажиња и треба исклучива подготовка.  За илустрација тоа е како кон Солунска глава, но од Нежилови стени, само многу повисоко.  Нас овој начин се искачувавме јас, Бојан, Александра и  Маја,  а ни се придружи и Словенец со кој  заеднички ја искачувавме карпата. Започнавме во 7 часот наутро. Се работи по исклучиво вертикален  терен. Последните 500 метри теренот беше со  оценка од 5+ од 9 можни.  Последните 200 метри се полесни, и ги качувавме без јаже но погледот зад себе е очаен, провалија. По 13 часа искачување на насоката продолживме кон Триглав 2,8 илјади метри  го освоивме на  полноќ, но имаше полна месечина која ни го осветлуваше патот, тоа беше на 7-ми август – заврши Тоше Велев. 

Ја откри неговата следна желба.  Искачување на врв од Хималаите, но  алпинистички, технички. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »