речник контакт

Тоше Нацев в.д. селектор на женската фудбалска репрезентација

До изборот на селектор тој заедно со Благој Филиповски ќе ги водат најдобрите макеоднски репрезентативки

Петар Печков

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го разреши од функцијата селектор на женската репрезентација на Македонија Добре Димовски.

За в.д селектори на женската репрезентација УО на ФФМ ги назначил Благоја Филиповски и Тоше Нацев, кои ќе го водат националниот тим до изборот на нов селектор. Нацев е тренер на женската екипа на ЖФК Борец и поранешен фудбалер на ФК Борец кога тој се натпреваруваше во третата лига на СФРЈ.

Под негово водство македонската женска фудбал репрезентација ќе одигра два натпревари, сабота во Москва против Русија и в вторник против Грција во Атина. И двете се во квалификациите за ЕП.

По одржаната редовна седница во Свети Николе, ФФМ инфоримира дека одлуката за разрешување на Димовски ја донел на барање на клубовите и Комисијата за женски фудбал и поради слабите резултати во квалификацискиот циклус за Европското првенство.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »